Hа почетокот на Новата година во Општа болница Струга на гинеколошкото одделение во 19:55 часот се роди првото бебе кое е од женски пол, тешко 3 100 грама
Утринава на Гинеколошкиот оддел во кичевската Општа болница на свет дојде здраво машко дете со тежина од 3, 450 килограми. Ова е второ дете на родилката од Кичево, а породувањето се изврши по природен пат. Новороденчето и мајката се чувствуваат добро, потврди дежурниот гинеколог Љупче Ристески.
„Утринава во 6.15 часот во нашата болница дојде на свет првото новороденче во 2023 година. Се работи за здраво машко дете со тежина од 3,450 килограми и ова е второ дете на родилката од Кичево, која од претходно има девојче. Породувањето помина во најдобар ред и новороденчето и мајката се чувствуваат добро и во наредните ден-два ќе можат да го напуштат гинеколошкиот оддел од нашата болница“,
истакна дежурниот гинеколог Ристески.
Љатифе Алиоска е 18-годишна прворотка од Кичево која го роди првото машко бебе во охридската болница. Бебето е тешко 3 450 грама и долго 53 сантиметри.
Hа почетокот на Новата година во Општа болница Струга на гинеколошкото одделение во 19:55 часот се роди првото бебе кое е од женски пол, тешко 3 100 грама.
Бебето и мајката се во добра здраствена состојба, информират од болницата.
На Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Велес утрово во 07:50 часот се роди првото бебе кое е машко. Бебето е тешко 3 900 грама.
Ова е трето дете на 20-годишната Хатие Бекирова од велешкото село Бањица која со сопругот Фатмир Бекиров имаат и син и ќерка.
Како што информираа од Одделението за гинекологија и акушерство за МИА, бебето е родено по природен пат и мајката и детето се добри.