Курти оцени дека ова е историски ден за Косово, но и голем ден за европската демократија
Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја предаде апликацијата на Приштина за членство во ЕУ на чешкиот министер за европски прашања, Микулас Бек.

Курти оцени дека ова е историски ден за Косово, но и голем ден за европската демократија.
„Писмото што го носам ги содржи надежите и соништата на нашите граѓани. Тоа говори за нашите аспирации за влез во ЕУ со кои споделуваме заеднички вредности и идеи“,
рече Курти.
Чешкиот министер Бек потврди дека Косово во следните чекори ќе ја има поддршката од неговата земја.
„Ние веруваме дека нашата заедничка иднина е единствениот начин за решавање на проблемите во регионот“,
рече Бек.
Вчера лидерите на Косово го потпишаа документот за апликација и го опишаа моментот како „историски“.
Косово е последната земја во регионот која поднесе барање за кандидатски статус.
Од 27 земји-членки на ЕУ, пет од нив сè уште не ја признаваат независноста на Косово.
Земји кои не го признаа Косово се: Шпанија, Романија, Кипар, Грција и Словачка.