За разрешување на обвинетата потпретседателка гласаа 625 од 628 пратеници. Хрватскиот независен пратеник Колакушиќ гласаше против разрешувањето на Каила, а двајца парламентарци беа воздржани, пишува „Јутарњи лист“
Пратениците на Европскиот парламент денеска ја разрешија грчката пратеничка Ева Каили од функцијата потпретседател на парламентот, која беше обвинета за корупција од белгиските власти, а само хрватскиот европратеник Мислав Колакушиќ бил против ваквата одлука.
За разрешување на обвинетата потпретседателка гласаа 625 од 628 пратеници. Хрватскиот независен пратеник Колакушиќ гласаше против разрешувањето на Каила, а двајца парламентарци беа воздржани, пишува „Јутарњи лист“.
Претходно претседателката на парламентот Роберта Мецола објави дека Конференцијата на претседатели, парламентарно тело составено од претседатели на пратеничките групи и претставници на независните пратеници, едногласно одлучи да му предложи на Европскиот парламент да ѝ го прекине потпретседателскиот мандат на грчката потпретседателка.
За одлуката за разрешување беше потребно двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.
Каили, една од 14-те потпретседатели на парламентот, беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија овој викенд поради наводите дека Катар ги поткупил за да влијае на парламентарните одлуки.
Потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили, осомничена во истрагата за перење пари и парламентарна корупција, негираше дека примила пари од Катар, изјави еден од нејзините адвокати во Грција.