Каили, една од 14-те потпретседатели на парламентот, беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија викендов поради наводите дека Катар ги поткупил со пари и подароци за да влијае врз одлучувањето
Потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили, осомничена во истрагата за перење пари и парламентарна корупција, негираше дека примила пари од Катар, изјави еден од нејзините адвокати во Грција.
Каили, една од 14-те потпретседатели на парламентот, беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија викендов поради наводите дека Катар ги поткупил со пари и подароци за да влијае врз одлучувањето.
„Нејзиниот став е дека е невина, тоа можам да ви го кажам. Таа нема никаква врска со финансирањето од Катар, ништо – експлицитно и недвосмислено. Тоа е нејзиниот став“,
изјави за грчка телевизија Михалис Димитракопулос, адвокатот кој ја застапува Каили во Грција.
Тој додаде дека Каили „не презела никаква комерцијална активност во нејзиниот живот“.
Грција вчера го замрзна имотот на Каили во земјата. Европскиот парламент ќе гласа за нејзиното разрешување.