Да, даден е извештајот до Собранието. Најверојатно ќе споделат од Собранието или од Јавното обвинителство во однос на извештајот, изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој случај
Тој не прецизира кога извештајот бил доставен до Собранието бидејќи ниту од законодавниот дом ниту од Јавното обвинителство до овој момент не излегоа со информации околу наодите на истрагата. Индикативно во изјавата на Спасовски е споменувањето на Јавното обвинителство, што го отвора прашањето дали истрагата утврдила елементи на кривично дело или, пак, тоа допрва, врз основа на извештајот, треба да го утврди Обвинителството
Истрагата на Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи ја завршила истрагата за безбедносниот пропуст кога аудио од рефирирањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски за случајот „Онишченко“ одеше во живо на собранискиот јутјуб-канал, иако седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање беше затворена за јавност.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека извештајот од истрагата е доставен до Собранието.
„Да, даден е извештајот до Собранието. Најверојатно ќе споделат од Собранието или од Јавното обвинителство во однос на извештајот“,
изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој случај на денешниот настан по повод примопредавање на донацијата од возила и опрема за МВР од Амбасадата на Сојузна Република Германија.
Тој не прецизира кога извештајот бил доставен до Собранието бидејќи ниту од Законодавниот дом ниту од Јавното обвинителство до овој момент не излегоа со информации околу наодите на истрагата.
Индикативно во изјавата на Спасовски е споменувањето на Јавното обвинителство, што го отвора прашањето дали истрагата утврдила елементи на кривично дело или, пак, тоа допрва, врз основа на извештајот, треба да го утврди Обвинителството.
Оттаму, на прашање на „360 степени“ дали се известени за случајот и дали евентуално е отворена постапка од страна на надлежно Основно јавно обвинителство, на 21 ноември одговорија дека Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело во настанот ќе постапи согласно своите законски надлежности.
Безбедносниот пропуст на собранискиот јутјуб-канал се случи на 18 ноември на седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, на која директорот на АНБ, Виктор Димовски, во реферираше за улогата на Агенцијата во случајот со додавањето државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко.
Имено, на јутјуб-каналот одела слика од пленарната сала, но и аудио од реферирањето на Димовски. Салата 4 каде што се одржува седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР беше испразнета, а собраниските служби ги заклучија вратите.
Безбедносниот пропуст се случи и покрај тоа што пред почетокот на седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, собраниското обезбедување побара од членовите на Комисијата да ги остават мобилните телефони и чантите пред салата 4 каде што се одржуваше седницата која беше затворена за јавност поради класифицираните информации, кои Димовски претходно најави дека ќе бидат дел од неговото излагање.
Претседателот на Собранието на брифинг со новинарите на 23 ноември потврди дека ја суспендирал седницата и дека се чека на извештајот од истрагата на Министерството за внатрешни работи, од кој треба да одговори како дошло до безбедносниот пропуст.
Претседателот на Законодавниот дом на брифингот откри дека пропаднал и петтиот тендер за инсталација на т.н. „глува соба“, односно просторија што ќе биде заштитена од било какви надворешни интерференции и прислушување.
Како што информира Џафери, причината за неуспехот и на овој тендер за овој проект, кој го бараат и стандардите на НАТО, е поради недостатоци во техничката спецификација, поради што не бил избран ниту еден понудувач.
Инаку, вредноста на тендерот е 33 милиони денари, без ДДВ, или околу половина милион евра.
На прашање дали ќе се гради нова просторија, претседателот на Собранието информира дека е планирано да се адаптира простор во во внатрешноста на заградата на Собранието.