Властите во градот Аракруз, во државата Еспирито Санто, соопштија дека некои од 10-те ранети, меѓу кои тројца наставници и еден ученик, се во тешка состојба по нападот во петокот, кој ја шокираше земјата која бележи пораст на престрелки во училиштата во последните години
Во пукање во две училишта во Бразил во напад на 16-годишен тинејџер, кој носел нацистички симболи, животот го загубија вкупно четири лица, три на местото на нападот, а една наставничка починала подоцна од здобиените рани, соопштија властите.
Властите во градот Аракруз, во државата Еспирито Санто, соопштија дека некои од 10-те ранети, меѓу кои тројца наставници и еден ученик, се во тешка состојба по нападот во петокот, кој ја шокираше земјата која бележи пораст на престрелки во училиштата во последните години.
„За жал, трагедијата на Аракруз сè уште не е завршена. Со длабоко жалење ја потврдуваме смртта на уште една жртва, професорката Флавија Амбос Меркон“,
напиша на Твитер гувернерот Ренато Касагранде, кој прогласи тридневна жалост во Еспирито Санто.
Напаѓачот е поранешен ученик на државното училиште кое прво го нападнал пукајќи во група наставници, при што убил две лица, а ранил други девет. Потоа отишол во блиското приватно училиште, каде убил адолесцентка и ранил уште неколку луѓе.
Тој е уапсен и ќе се соочи со обвиненија за убиство и тешко убиство во обид, соопшти полицијата на Еспирито Санто.
Роднините на првите тројца убиени одржале бдееле во саботата, јавуваат бразилските медиуми.
„Мојата ќерка секогаш беше полна со љубов. Ја изгубив ќерка ми поради омраза”,
изјави за Глобоњуз Таис Сагрило, мајка на убиеното 12-годишно девојче.