Зекиќ ја има улогата на гостин коментатор на ХРТ, а се чини дека првите два вчерашни натпревари (Швајцарија – Камерун и Уругвај – Јужна Кореја) особено го исцрпија, со оглед на тоа што на двата беше постигнат само еден гол
Поранешниот сараевски фудбалер Зоран Зекиќ стана регионален хит по комичната сцена што се случи за време на емисијата на ХРТ посветена на Светското првенство.
Зекиќ ја има улогата на гостин-коментатор на ХРТ, а се чини дека првите два вчерашни натпревари (Швајцарија – Камерун и Уругвај – Јужна Кореја) особено го исцрпија, со оглед на тоа што на двата беше постигнат само еден гол.
Токму на полувремето од натпреварот Уругвај – Јужна Кореја се случи ситуација која брзо стана вирална, а се претпоставува дека се работи за договорен „настап“ меѓу Зекиќ и домаќинот Роберт Ферлин.
Имено, кога камерата се вратила во студиото по комерцијалниот блок, Ферлин почнал со објавата, а потоа наеднаш застанал и му се обратил на Зекиќ.
„Зоран, Зоране“,
рече Ферлин за да го разбуди Зекиќ, кој лежеше на масата со главата потпрена на перницата.
Зекиќ потоа се разбудил, станал и одговорил:
„Втор ден сум тука и тешко ми е. Ќе морам да го издржам ова“.
Инаку, Зекиќ го носеше дресот на Сараево неколку месеци, од јули 2000 година до јануари 2001 година, кога се пресели во Камен Инград.