Тие имаат обезбедено дел од потребните ресурси за овој период од годината, а ние како компанија можеме да склучиме со нив договор за деловно-техничка соработка, исто како и претходната грејна сезона, за да можеме да помогнеме во делот на обезбедување природен гас, вели директорот на ЕСМ
АД ЕСМ е отворено за соработка и со АД„ Скопје Север“ со цел да се обезбеди топлинска енергија за граѓаните на Чаир, Бутел и околината кои ги користат услугите од оваа топлана, повтори денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.
„Досега имавме неколку работни средби со претставници на АД ‘Скопје Север’, вклучително и со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Како компанија, тие имаат обезбедено дел од потребните ресурси за овој период од годината, а ние како компанија можеме да склучиме со нив договор за деловно техничка соработка, исто како и претходната грејна сезона, за да можеме да помогнеме во делот на обезбедување на природен гас“,
рече Ковачевски.
Следната опција, додаде тој, е да се направи договор за закуп како што направивме со топланите „Исток“ и „Запад“ со приватната компанија „Адора“.