Убиствата се случија откако украинската армија го врати селото Макиевка во областа Луганск во средината на ноември. Со споредување на видеата со сателитски снимки, „Тајмс“ потврди дека тие се снимени на фарма во селото
Серија видеа објавени на социјалните мрежи минатата недела, на кои се гледа предавањето на руските војници и нивните мртви тела набргу потоа, предизвика дебата за тоа дали украинските сили извршиле воени злосторства или дејствувале во самоодбрана.
„Видеата покажуваат страшни сцени во кои најмалку 11 Руси, од кои повеќето се гледаат како лежат на земја, се чини дека се убиени од непосредна близина откако еден од нивните колеги борци ненадејно отворил оган врз украинските војници“,
пишува „Њујорк тајмс“.
Досега и Москва и Киев се огласија за снимките обвинувајќи се меѓусебно за воени злосторства. Русите ги обвинуваат украинските сили дека немилосрдно пукале врз невооружените руски воени затвореници, а украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец рече дека руски војници отвориле оган за време на предавањето. „Њујорк тајмс“ успеа да ја потврди автентичноста на снимките кои првпат беа објавени во украинските медиуми и на социјалните мрежи.
„Свесни сме за видеата и ги истражуваме. Треба навремено, целосно и ефективно да се истражат наводите за егзекуции по скратена постапка, а сите сторители треба да одговараат“,
изјави за Ројтерс во петокот Марта Хуртадо, портпаролка на канцеларијата за човекови права на ОН.
Убиствата се случија откако украинската армија го врати селото Макиевка во областа Луганск во средината на ноември. Со споредување на видеата со сателитски снимки, „Тајмс“ потврди дека тие се снимени на фарма во селото. Инцидентот го снимиле два извора, неименуван украински војник кој со својот мобилен телефон и со дрон, најверојатно управуван од украинските сили кои ја следат офанзивата, снимал видеодневници од битката за Макиевка.
На снимката се гледа како руски војници излегуваат од зграда и се редат пред украинската војска, а последниот од нив почнал да пука во еден од украинските војници. Видеото завршува и не е јасно што се случило потоа, додека друга воздушна снимка од локацијата покажува мртви руски војници. На неа руски војници лежат неподвижни, навидум мртви, повеќето во положбата во која биле кога се предале.
„Повеќето од нив се чини дека се застрелани во главата. Има локви крв. Тоа покажува дека тие биле оставени таму мртви. Се чини дека немало обид да бидат земени или да им се помогне“,
рече д-р Рохини Хаар, медицински советник за човекови права.
Хаар истакна дека во моментот на предавањето руските војници лежеле, очигледно невооружени, со раширени раце или со рацете зад главите.
„Тие се смета дека не се борци, односно се воени затвореници“,
рече Хаар.