Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (14 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание донесуваме:
– Крушевчанка е осудена зашто при државно вработување еднаш се изјаснила за Влаинка, а потоа за Македонка (ја пријавил конкурент на конкурсот) – каде завршува правото, а каде почнуваат човековите права;
– Стоката пцовисуваше, на рацете ни излегуваа плуски, а подземната вода од Пеленица ја пиевме – сведоштво на жител на Љубош, село во непосредна близина на уште една потенцијална депонија на опасниот линдан од ОХИС;
– Владата го менува моделот на субвенционирање во земјоделството – нервоза и несогласување кај земјоделците;
– Низ подеми и падови, Антикорупциската комисија стигна до 20 години постоење;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.