На средбата, како што информира премиерот, било разговарано за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни православни цркви“
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва преку објава на својот службен фејсбук-профил соопшти дека денеска имал средба со Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.
На средбата, како што информира премиерот, било разговарано за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни православни цркви“.
„На средбата разговаравме и за предизвиците од енергетската криза и за обезбедената поддршка на најранливите категории во овие тешки времиња на економско-енергетска криза“, додава Ковачевски во објавата.
МПЦ-ОА влезе во канонско единство со останатите помесни православни цркви откако на 24 мај годинава Српската православна црква (СПЦ) на чело со патријархот Порфириј на заедничка литургија во Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје објави дека Соборот едногласно одлучил да признае автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).