Поранешниот в.д. амбасадор, а сега заменик амбасадор на САД во С Македонија, Ерик Мејер, даде прилично остра изјава за состојбите со корупцијата во земјава, но таа изјава не доби големо општествено внимание
„Недостига огромно парче во антикорупциската сложувалка во Северна Македонија. Земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата. Мора да постои вистинска политичка волја да се запрат овие мрежи. Досега, напредокот на овој фронт сериозно недостигаше“, рече Мејер на крајот од септември годинава
Алармантна е пораката од Соединетите Американски Држави за тоа како државата се справува со корупцијата, оценува и самот висок претставник на државата, министерот за правда Никола Тупанчески, во гостувањето во емисијата „360 степени“.
Сегашниот заменик амбасадор на САД во земјава во септември годинава во функција на в.д. амбасадор кажа дека С Македонија „мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата“.
Тупанчески во гостувањето во „360 Степени“, коментирајќи ја изјавата на Мејер, рече дека станува збор за тешки квалификации кои би требало да нѐ подзамислат како држава. Но, прашан дали препознава некој во делот „заднински политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата“, Тупанчески рече дека не сака да генерализира. А потоа кажа и дека за разлика од Вашингтон, Брисел дури и гледа напредок во борбата против корупцијата.
„Прецизен е изразот на господинот Мејер дека станува збор за заднински политички мрежи коишто овозможуваат цветање на корупцијата. Но, да не заборавиме, покрај оваа негова изјава ние во меѓувреме го добивме и извештајот на Европската Комисија којшто исто така, за разлика од овие зборови кои прилично имаат критички контекст, зборовите или синтагмите употребени во последниот извештај за перидот 2021 – 2022 година влеваат малку надеж. Не сакам да хиперболизирам, напротив, синтагмата дека имаме одреден прогрес или напредок во однос на судството, во однос на борбата против корупцијата, во однос на борбата на организираниот криминал, како што се апострофирани во извештајот на ЕК, ни дава надеж дека има некое благо поместување на нештата, зашто ваквата изјава во однос на она што е како извештај на ЕК, практично на различен, или со различна оптика ја оценуваат состојбата во нашата држава“,
рече Тупанчески.
На новинарска забелешка дека во извештајот на ЕК се вели дека „корупцијата преовладува во многу области и е предмет на загриженост“, Тупанчески рече:
„Точно. Меѓутоа, ако го земеме целиот сегмент којшто се однесува на корупцијата, меѓу другото има пофални зборови за Државната комисија за спречување на корупција. За неа има точно, меѓутоа тоа не е неважен сегмент во државата. Тоа е добро системско поместување на нештата. Дефинитивно ваквата изјава е загрижувачка и би требало да биде загрижувачка за нас, затоа што на некој начин би требало да претставува иницијална каписла, поттикнувачка за некаков си демант на овие сериозни квалификации“,
вели Тупанчески.
Поранешниот в.д. амбасадор, а сега заменик амбасадор на САД во С Македонија, Ерик Мејер, даде прилично остра изјава за состојбите со корупцијата во земјава, но таа изјава не доби големо внимание во јавноста.
„Недостига огромно парче во антикорупциската сложувалка во Северна Македонија. Земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата. Мора да постои вистинска политичка волја да се запрат овие мрежи. Досега, напредокот на овој фронт сериозно недостигаше“,
рече Мејер на крајот од септември годинава.