Италија ќе остане во карантин и по 3 април за да се спречи натамошното ширење на коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.
За италијанскиот весник „Кориера дела сера“, Конте изјави дека мерките ќе бидат продолжени, а тоа значи дека училиштата и универзитетите остануваат затворени, како и ограничувања на движењата.
Според актуелните мерки, што претходно ги воведе италијанската Влада, а кои ќе важат до 3 април, дозволени се патувања само за до работа и од здравствени причини, додека повеќето продавници се затворени, освен оние што продаваат храна и лекови.
Во меѓувреме, владата ја разгледува можноста за воведување построга забрана за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажале дека преголем број од луѓето се во движење.