Податоците на телекомуникациските компании покажале дека преголем број од луѓето се во движење, иако целата држава е во карантин од 10 март
Италијанската влада ја разгледува можноста за воведување на построга забрана за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажаа дека преголем број од луѓето се движење.
Во Ломбардија, регионот најпогоден од епидемијата со ковид-19, 40 проценти од луѓето се движат наоколу, изјави вчера регионалниот претставник на Министерството за здравство, Џулио Галера, пренесе МИА.
Тој додаде дека податоците ги отстапиле телекомуникациските оператори и ја отфрли тезата дека се работи за повреда на приватноста бидејќи се работи за анонимни податоци. Италијанскиот министер за спорт Бинцензо Спадафора истакна дека Владата разгледува нови мерки, како забрана за џогирање, поради тоа што „многу луѓе ги потценуваат ризиците“.
Цела Италија е во карантин од 10 март и луѓето не смеат да ги напуштаат домовите освен во случај да купуваат храна и лекови. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 11 до 17 март полицијата запрела повеќе од еден милион луѓе и поднела прекршочни пријави против речиси 45.000 лица поради кршење на правилата за движење