Четиринаесетгодишен мотоциклист од село Заполжани во општина Долнени загина во сообраќајна несреќа во која учествувало и патничко возило „опел астра“, што го управувал 18-годишен возач. Возачот на автомобилот В.Р бил од истото село и како што соопшти МВР избегал од местото на несреќата, но набргу бил пронајден и приведен.
Несреќата помеѓу мотоциклот „шинерај“ и возилото „опел астра“, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила околу 13.40 часот во долненското село Новоселани. Малолетниот мотоцклист од добиените повреди починал на местото на несреќата.