Демонстрантите фрлаа со јајца кон клубот, ја пееја македонската химна, извикуваа Македонија и скандираат против цар Борис Трети. Пред демонстрантите има големо полициско обезбедување, кое се обидува да спречи да дојде до ескалација на протестот
Членовите на клубот прво немо го набљудуваа протестот, а потоа почнаа да им возвраќаат на демонстрантите на бугарски јазик и го развеаја знамето на цар Борис Трети што, пак, беше причина присутните уште повеќе да се разлутат
„Со фашисти не се преговара“; „Фашизмот мора да падне“; „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, беа само дел од транспарентите кои се носеа на протестите во Охрид по повод отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Атмосферата на протестот е тензична, а присутно е големо полициско обезбедување.
На протестите не престанува извикувањето „Фашисти, убијци, Татари“ кое е упатено кон присутните на отворањето на клубот што се наоѓаат пред влезот на објектот.
Демонстрантите фрлаа со јајца кон клубот, ја пееја македонската химна, извикуваа Македонија и скандираат против цар Борис Трети. Пред демонстрантите има големо полициско обезбедување, кое се обидува да спречи да дојде до ескалација на протестот.
Членовите на клубот прво немо го набљудуваа протестот, а потоа почнаа да им возвраќаат на демонстрантите на бугарски јазик и го развеаја знамето на Цар Борис Трети, што, пак, беше причина присутните уште повеќе да се разлутат.






„А1 он“ објави дека на протестот имало и обид за апсење на лице што фрлило предмет кон терасата каде што е сместен клубот, но по жестоката реакција на присутните на протестот, полицијата се откажала од намерата.