Белорускиот претседател посочил дека противници на власта се обидуваат да креираат лажни тези дека е можна мобилизација и во Белорусија, каква што има во Русија
Денеска и Рамазан Кадиров, верен сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија
Нема да има мобилизација во Белорусија, изјави денеска претседателот на земјата, Александар Лукашенко.
„Мобилизацијата е во Русија. Работата е што тие (Западот н.з.) се обидуваат да погодат што планираме ние… Нема да има мобилизација. Тоа е лага“,
ја цитира новинската агенција „Белта“ изјавата на Лукашенко, а пренесува ТАСС.

Белорускиот претседател посочил дека противници на власта се обидуваат да креираат лажни тези дека е можна мобилизација и во Белорусија, каква што има во Русија.
Лукашенко нагласил дека Белорусија дефинитивно ќе одговори на можните закани и обиди за терористички акти. Според него, за таа цел редовно се одржуваат вежби од различен вид, вклучително и оние на народната милиција, за луѓето да ги знаат своите должности и да ги имаат потребните воени вештини.
Денеска и Рамазан Кадиров, верен сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.
Според него, досега 20 000 Чеченци војувале во Украина и Чеченија ги исполнила сите планови.