Најтешка е состојбата во Поморје, каде градоначалникот Иван Алексиев прогласи делумна вонредна состојба, свикан е кризен штаб. Поројниот дожд и ураганските ветрови предизвикаа огромни штети
Бургас и населените места на бугарското крајбрежје се опоравуваат од штетите предизвикани од ураганската бура, јавуваат бугарските медиуми.
Најтешка е состојбата во Поморје, каде градоначалникот Иван Алексиев прогласи делумна вонредна состојба, свикан е кризен штаб. Поројниот дожд и ураганските ветрови предизвикаа огромни штети.
„Прогласена е делумна вонредна состојба. Што е најважно, луѓето кои беа повредени во невремето се пренесени во медицинска установа. Спасено е и лицето кое паднало на јахтата“,
напиша тој на социјалните мрежи.
Екипи на Противпожарната служба ги расчистуваат дрвјата и гранките кои паднаа за време на катастрофата. Урнати се електричните столбови, поради што градот и околината останаа без струја. Се работи на санирање на несреќата, но градот останува без струја.
Во Бургас се пријавени над 100 пријави – главно паднати дрвја, покриви, изолација и блокирани улици. Нема повредени, општински екипи ги чистат и отвораат улиците.