„Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално чувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација“, вели претседателот
Говорејќи за иницијативата за референдум, Пендаровски вели оти референдум нас ни беше нужен, но не, како што истакна, со овие магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ
Нема никаква опасност дека низ европските процеси на крајот би станале Бугари, вели претседателот Стево Пендаровски во своето гостување во магазинот Трилинг на ТВ 24.
„Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално чувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација“,
вели претседателот.
Од бугаризација, како што посочи Пендаровски, се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство. Според него, навредливо за македонската нација е да кажеш дека протокол, договор, преку механизми на европска интеграција, дека јас и ти можеме да станеме Бугари.

Говорејќи за иницијативата за референдумот, Пендаровски вели оти референдум нас ни беше нужен, но не, како што истакна, со овие магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.
„И јас бев спремен да излезам и да гласам на референдум на кој ќе се поставеше прашањето дали сте за ЕУ или не сте“,
рече Пендаровски.
Претседателот се осврна и на евроинтеграцискиот процес на земјава, посочувајќи дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Тој нагласи оти треба да се фатиме за реформи, бидејќи, како што кажа, имаме доста домашни задачи на тој план.
„Не мислм дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет на Владата. Но, ако Владата која има мнозинство во Парламентот мисли поинаку, не можам да речам не. Мислам дека треба да се посветиме на работите кои додека преговараме и чекавме изминатите две години за некако да ја надминеме бугарската блокада, тука некои работи не одеа на добро, особено во делот на владеење на правото и борбата против високата корупција“,
рече претседателот Пендаровски вечерва во гостувањето во магазинот Трилинг на ТВ 24.
Во своето излагање шефот на државата најави дека на покана на бугарскиот претседател Румен Радев, на 1 октомври ќе отпатува во Софија.
Тој информира дека неговата посета е по повод отворањето на интерконекторот меѓу Грција и Бугарија на која ќе бидат присутни, како што е најавено, и неколку претседатели и премиери од регионот, со цел, како што рече Пендаровски, да покажеме дека не треба да се гледаме и понатаму како непријатели, напротив како добри соседи кои си помагаат и во невоља.
