Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пак, дополнително се регистрирани три починати лица, од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79-89 години. Пријавените се починати во период од 10 до 29 август 2022 година
Во последните 24 часа направени се 223 теста, а регистрирани се 34 нови случаи на ковид-19, од кои осум се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Во Скопје се пријавени 26 новозаразени, во Битола и Прилеп – по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе – по 1.
Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Охрид – 46, Делчево – 29, Куманово – 19, Битола – 10, Кавадарци и Струга – по 8, Кочани – 7, Прилеп, Тетово и Велес – по 6, Струмица, Крива Паланка и Пехчево – по 5, Берово, Валандово, Виница и Кратово – по 4, Дебар – 3, Штип, Гевгелија и Македонски Брод – по 2, Неготино, Свети Николе, Гостивар, Кичево, Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани три починати лица, од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79-89 години. Од нив две лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10-29 август 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 156 878 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 404, бројот на оздравени пациенти е 330 866, на починати е 9 506, а бројот на активни случаи изнесува 1 032.
