Според податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар јачината била од 2,6 степени според Рихтеровата скала
Утрово е регистриран земјотрес со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница.
Според податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), станува збор за послаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил на 98 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Охрид.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 9 часот и 4 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината“,
соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот бил на длабочина од пет километри.
