Владата објави дека Марин сама го платила тестот за дрога, по прозивките од опозицијата да се тестира откако беше објавено видео на кое Марин се забавува. Од нејзиниот кабинет го објавија и името на докторот кој ги потпишал резултатите од тестот
Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако тоа беше побарано од неа, по објавување ан видео на ке се гледа како таа танцува, а наводно во позадина се слуша разговор за дрога.
JUST IN: The drug test taken by Finland's Prime Minister Sanna Marin after footage was posted of her partying has found no illicit substances, the government said.
— DW News (@dwnews) August 22, 2022
In other words, she was just having fun. pic.twitter.com/sSZGuEfKOE
Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.
Владата објави дека Марин сама го платила тестот за дрога, а медиумите ќе можат да добијат повеќе детали за самото тестирање при што од нејзиниот кабинет го објавија и името на докторот кој ги потпишал резултатите.
Таа ги негираше обвинувањата дека била дрогирана и истакна дека таа вечер пиела само алкохол. Но, се соочи со критики од опозициските партии, а еден од лидерите на опозицијата побара да направи тест за дрога.
На интернет се појави видео на кое се гледа како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.
Марин, која во декември 2019 година стана најмладата премиерка на Финска, рече дека слободното време го поминува со пријатели како другите на нејзина возраст и дека има намера да продолжи да биде истата личност како порано.
„Се надевам дека тоа е прифатливо. Живееме во демократија и на избори секој може да одлучува за овие прашања“,
рече таа.
Таа додаде дека нејзината способност да ги извршува своите обврски таа вечер останала недопрена и дека би ја напуштила забавата доколку морала да работи.
Претходно месецов, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од страна на германскиот весник „Билд“.