Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона. Оттаму додаваат дека пожарот избувнал во раните попладневни часови, а штом бил забележан, биле ангажирани два канадери, а потоа уште два биле испратени да го изгаснат пожарот
Јавната противпожарна служба на Дубровник соопшти дека денеска попладне над дубровничката населба Орашац избувнал пожар кој го гаснат 29 пожарникари од десет возила, а хрватското Министерството за одбрана на Твитер извести дека во гасењето на пожарот се ангажирани и четири канадери.
Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона. Оттаму додаваат дека пожарот избувнал во раните попладневни часови, а штом бил забележан, биле ангажирани два канадери, а потоа уште два биле испратени да го изгаснат пожарот.
Медиумот пренесува дека пожарот е избувнат во рурална средина, каде што има густа вегетација и густа шума што го отежнуваат гаснењето, па канардите се неопходни. Дополнително, додаваат дека состојбата со пожарот моментално е подобра, а дека за среќа, куќите во околината се заштитени.