Со оглед дека се наоѓаме во портокалова фаза, пред два дена здравствените власти издадоа и препораки кои вклучуваат ослободување од работа на хронично болните и бремените жени, како и децата да не се изнесуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топол бран периодот имаме високи температури кои се над просекот поради што беше прогласено портокалово ниво на опасност.
Здравствените власти пред два дена издадоа и препораки хронично болните лица и бремените жени да се ослободат од работа, децата да не се изнесуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а екипи на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјална работа да укажуваат помош на постарите, изнемоштените и бездомните лица.
