Ова ќе следува откако денеска Собранието на Северна Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот
Утре во Софија ќе се одржи вториот состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Република Бугарија и Република Северна Македонија, јавува БНТ наведувајќи дека шефовите на дипломатиите, Теодора Генчовска и Бујар Османи, ќе го потпишат протоколот меѓу двете министерства.
„Во рамки на средбата ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи“,
пишува БНТ.
Ова ќе биде втор состанок на мешовитата меѓувладина комисија, неговиот старт е закажал во 10 часот по локално време, а одржувањето е согласно членот 12 од Договорот за добрососедство од 2017 година.
По состанокот, се очекува двајцата шефови на дипломатиите да одржат и прес-конференција.
Ова ќе следува откако денеска Собранието на Северна Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот.
Потпишувањето на протоколот, пак, е во пресрет и на првата меѓувладина конференција за отворање на преговорите со ЕУ, која премиерот Димитар Ковачевски, најави дека ќе се одржи во вторник (19 јули).