Денеска победи Европска Македонија и прогресивните сили во земјата. Денеска победи соживотот, иднината и надежта, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети во објава на социјалната мрежа Фејсбук откако пратениците ги усвоија заклучоците од Информацијата за Предлог-преговарачката рамка со Европската Унија.
Тој им честиташе на граѓаните и на државата.
„Северна Македонија не е Украина, а Европа не е Русија за да оди на протести лидерот на опозицијата во зелена маичка како Зеленски од АлиЕкспрес. И како што беше очекувано, регресивните сили во служба на странските агенди потфрлија и граѓаните не ги поддржаа“,
напиша Ахмети на Фејсбук.
Претходно честитки за усвојувањето на заклучоците испратија и премиерот Димитар Ковачевски, но и челните луѓе во Брисел, Урсула фон дер Лајен, Оливер Вархеји и Шарил Мишел.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, рече дека ова е продолжување на вториот дел од предавството кое го почнал поранешниот премиер Зоран Заев уште во 2017 година.