Сафет Бишевац, кој е кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, летово барал да биде на листата на СДСМ, тврди генералниот секретар на социјалдемократите Љупчо Николовски во неговото гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
„Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда“,
изјави Николовски.
Бишевац е едно од најголемите изненадувања на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен новинар, но и пратеник од листа на СДСМ, Сафет Бишевац, во мандатот 2011-2014 година. Како кандидат од Студеничани, тој е на деветто место на листата во „кецот“.
*Поврзана вест: Милошоски, Мицевски и Тарчуловски меѓу ретките во ВМРО-ДПМНЕ што добија шанса за нов пратенички мандат
Партискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека Бишевац бил едно од натпартиските решенија, покрај Силјановска.