Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вонредна инспекциска контрола во Зоолошката градина по добиените сознанија за масовно колење на коњи за храна за дивите животни. На лице место во присуство на полиција, инспекторите во депото затекнале и живи животни.
„Со контролата, утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се отстапени на чување во соодветни услови од страна на Управата за извршување на санкции при КПУ- КПД Идризово,“
се наведува во соопштение од АХВ.

Од АХВ додават дека во фрижидерите во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми и 100 замрзнати пилиња.
„Бидејќи месото од закланите копитари потекнува од неидентификувани и нерегистрирани животни со непознат здравствен статус кои се заклани во неодобрен објект, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла“, .
додаваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од МВР информираа дека за случајот веќе има приведени неколку лица, а поднесени се и кривични пријави за директорот и пет вработени во зоолошката.