Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка и оди во куќен притвор, одлучи денеска скопска Апелација, а јави А1он.
Како што пишува порталот, Зеќири од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро еден месец ќе биде однесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адрер.
Како што пишува порталот, Зеќири од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро еден месец ќе биде однесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса.
На Зеќири ќе му биде одземен и пасошот.
Зекири беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје на почетокот од јуни, откако судот одобрил негов трансфер поради сомнежи за евентуално труење. Од кривичниот суд тогаш информираа дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во Затвор Скопје во најбрз можен рок било одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа.
Зекири во притвор во затворот „Скопје” во Шуто Оризари заврши на 9 април како осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Во истрагата со поранешниот генерален секретар на Владата осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.