Покрај ова, Комисијата за надворешна политика на бугарското собрание во 15 часот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје
Денешната редовна седница на бугарското Народно собрание ќе почне со процедура за избор на нов претседател, јави дописникот на МИА од Софија.
По изгласаната смена на Никола Минчев, функцијата ја презеде Мирослав Иванов. Можно е најголемата партија во Народното собрание Промените продолжуваат повторно да го предложи Минчев за шеф на парламентот.
Ива Митева од партијата на Слави Трифонов Има таков народ е второто име што се споменува за оваа функција, иако таа изјави дека одбила да биде номинирана во оваа сложена политичка ситуација во Бугарија.
На вонредна седница вечерва во 19 часот и 10 минути пратениците треба да гласаат за барањето недоверба на владата на Кирил Петков.
И денеска во бугарската собраниска комисија за надворешна политика во 15 часот треба да се одржи состанок на кој ќе се разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за одобрување на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција.