Заменик-министерот за финансии, Филип Николоски истакна дека сите 72 отсто од вкупно вработените лица во јавниот сектор имаат или ќе имаат зголемување на плата. Останатите вработени во јавниот сектор, пак, за кои не е обезбедено или не е договорено зголемување на плата, како што кажа, се оние кои се вработени во јавните претпријатија на државно и локално ниво, кадешто одлука за зголемување на плата носат самите претпријатија кои имаат и сопствени буџети
Сепак, поради тоа што амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за линеарно покачување на платите во јавниот сектор не наиде на зелено светло од пратениците, тие од утре стапуваат во генерален штрајк секаде кадешто се синдикално организирани
Над 92 000 вработени во јавниот сектор односно 72 отсто од вработените во овој сектор добија покачување на платите оваа година, во време на криза која се обидуваме да ја надминеме на сите можни начини. Ова денеска во Собранието го истакна заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, каде се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.
„Владата на С Македонија сериозно се грижи за стандардот и на граѓаните на РС Македонија и на сите лица кои се вработени во јавниот сектор. Тоа се потврди во неколку наврати. Имено, пред неколку месеци се донесе Закнот за минимална плата, со кој над 17 000, односно поточно 17 245 вработени во јавниот сектор добија зголемување до минималната плата. Значи оние што имаа 15 200 денари плата стигнаа до 18 000 денари плата“,
истакна заменик-министерот за финансии.
Во меѓувреме, како што додава Николоски, се договорија уште неколку покачувања на плати во одредени сектоти а кои опфаќаат голем број вработени лица во јавниот сектор.
„Најпрво во делот на обраозванието, каде се опфаќаат над 37 000 вработени се потврди и се обезбедија средства, од септември да добијат зголемување на платата за 15 проценти. Понатаму, во делот на Министерството за внатрешни работи за 12 000 вработени лица има обезбедено средства за зголемување на плати за 5 отсто. Во делот на културата каде што се опфатени над 3 500 вработени има зголемувања на платоте за 30 проценти. Во делот на судството каде што има вработено над 2 600 лица, има зголемување на платите за 15 проценти, вработените во здравството, кај кои веќе неколку години по ред има зголемување на плати за 15 и 20 проценти и оваа година има зголемување од 5 отсто. Тука се опфатени над 20 000 лица“,
истакна заменик-министерот Николоски.
Тој потенцира дека сите 72 отсто од вкупно вработените лица во јавниот сектор имаат или ќе имаат зголемување на плата. Останатите вработени во јавниот сектор, пак, за кои не е обезбедено или не е договорено зголемување на плата, како што кажа, се оние кои се вработени во јавните претпријатија на државно и локално ниво, кадешто одлука за зголемување на плата носат самите претпријатија кои имаат и сопствени буџети.
За останатите 1 000 вработени, од вкупната бројка 131 000 вработени во јавниот сектор, како што рече заменик-министерот, се оние кои се вработени во регулаторните тела и централната банка, каде имаат сериозно високи плати.
Николоски посочи дека на локално ниво каде има 6 000 вработени потребна е консолидација пред да се пристапи кон зголемување на плати, бидејќи најголем дел од општините работат со негативни финансиски резултати и повторно на крајот на денот тие се на товар на буџетот.
Ова, заменик-министерот за финансии, Филип Николоски го истакна во Собранието, каде денеска се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.
Амандманскта расправа по ребалансот на Буџетот започна вчера попладне, а на неа, меѓу другото, не помина амандманот на Сојуот на синдикати на Македонија (ССМ) со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор, односно нивно усогласување со минималната плата за 2 806 денари.
Поради тоа, Сојузот на синдикати, како што и најави претходно, од утре стапува во генерален штрајк секаде кадешто е синдикално организиран во јавниот сектор.
Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.
