Донесена е и одлука да се дозволи влез и престој на 33 цивилен и воен персонал од Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, кои заедно со деветмина припадници на нашата армија ќе извршуваат должности во Командата на бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ
Владата одлучи 21 наш војник да заминат шест месеци во НАТО операцијата КФОР во Косово, како и двајца да заминат во Турција за да учествуваат во воена вежба.
„На денешната седница на предлог на Министерството за одбрана беше донесена Одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и Одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата ’ANATOLIAN EAGLE 22‘ во Република Турција“,
соопштија од Владата.
Исто така, донесена е и одлука да се дозволи влез и престој на 33 странски припадници на Командата на бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.
Станува збор за војници од Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција. На нив им е дозволен влез и престој во земјава со материјално – технички средства, воени моторни возила и опрема.
„Тие заедно со девет припадници на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Северна Македонија, ќе учествуваат во извршувањето на должностите во Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ“,
велат од Владата.
Донесена е и одлука да се дозволи влез и престој на 33 војници од Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, кои заедно со деветмина припадници на воениот и цивилниот персонал на нашата армија ќе извршуваат должности во Командата на бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.