Со документот, како што се наведува во владиното соопштение, се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри кои ќе овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави
Министрите на денешната владина седница го разгледаа и утврдија Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу владите на Северна Македонија и на Србија за основање културно-информативни центри во Скопје и во Белград.
Со документот, како што се наведува во владиното соопштение, се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.
„Културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесува за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија“,
наведуваат од владата.
Ваквите центри, како што се додава во соопштението од владата, овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање.