Во соопштението на Бугарската патријаршија се наведува дека по спроведеното гласање на Синодот, БПЦ стапува во канонско и евхаристичко заедништво со, како што се вели, Православната црква на Северна Македонија, а оти името за името на црквата треба допрва да се размисли
Синодот на Бугарската праославна црква (БПЦ) на денешната седница ги разгледал писмата на вселенскиот партијарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која во соопштението на БПЦ, сепак, се наведува како Православна црква на Северна Македонија.
Во соопштението на Бугарската патријаршија се наведува дека по спроведеното гласање на Синодот, БПЦ стапува во канонско и евхаристиско заедништво со, како што се вели, Православната црква на Северна Македонија.
„Бугарската православна црква – Бугарската патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги поздравува одлуките за подигање на расколот и стапува во канонско и евхаристичко заедништво со Православната црква на Северна Македонија“,
стои во објавата на БПЦ.
Сепак, како што се наведува, останува да се размисли за името на православната црква во Северна Македонија.
Пред две недели во Истанбул, вселенскиот партијарх Вартоломеј на архиепископот и поглавар на МПЦ-ОА, г.г. Стефан свечено му го предаде Патријаршискиот и синодален акт за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, откако пред четири години нашиот Синод поднесе молба за апелација до Вселенската Патријаршија, како врховна инстанца во Православието.
Поглаварот на Српската православна црква, пак, патријархот Порфириј на 5 јуни во Соборниот храм во Белград му го врачи официјалниот документ на архиепископот охридски и македонски Стефан за признавање на автокефалноста на Охридска архиепископија.