Според одлуката на РКЕ за новите цени на горивата, која денеска ја соопшти првиот човек на Комисијата, Марко Бислимоски, од полноќ цената на дизел-горивото и на бензинот еуросупер БС-95 ќе биде иста и ќе се продава за 110 денари за литар
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција, меѓу другото, посочи дека ноќеска од полноќ во сила ќе стапат новите цени на нафтените деривати.
Како што кажа и самиот, од полноќ бензините ќе бидат поевтини за 1,5 денар, а дизелот ќе поскапи за 0,5 денари за литар.
„Со денешната одлука цената на бензините ќе се намали за 1,5 денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари за литар“,
кажа Бислимоски и додаде дека последна промена на цените на горивата беше објавена во петокот.
Според одлуката на РКЕ што ја соопшти Бислимоски, од полноќ цената на еуросупер БС-95 ќе биде 110 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 112 денари за литар, а цената на литар дизел ќе биде 110 денари.