Посетата на Зеленски на градот Николаев доаѓа еден ден откако во руски напад таму загинаа две лица, а 20 беа ранети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети јужниот град Николаев за време на работната посета на регионот, соопштија денеска од неговиот кабинет.
Ова, пишува Би-би-си, е едно од неговите ретки напуштања на главниот град Киев.
Според соопштението од претседателскиот кабинет, што го пренесоа повеќе западни медиуми, Зеленски извршил увид во зградата на регионалната државна управа на Николаев, што беше уништена како резултат на ракетен напад на руските сили.
Од посетата беа објавени и видео и фотографии од кои може да се види дека одржал и состанок со претставниците на регионалната власт, како и дека им доделува државни награди и признанија на некои од нив.
Според соопштението, тие разговарале за состојбата на економија, обновување на водоснабдувањето и за состојбата со земјоделството.
„Посебно внимание беше посветено на заканите од копно и од море. Не престануваме да работиме за победа“,
рекоа од претседателскиот кабинет.
Посетата на Зеленски на градот Николаев доаѓа еден ден откако во руски напад таму загинаа две лица, а 20 беа ранети.