Од партијата од која доаѓаат двајцата министри нагласуваат дека Бербок и Хабек не ги користеле активно хакираните електронски пошти од јануари годианва

Германската Зелена партија соопшти дека нејзиниот ИТ-систем бил цел на кибер напад минатиот месец, пренесе „Бета“.
Хакери упаднале во електронската пошта на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за економија Роберт Хабек.
Но, од партијата велат дека тие налози не ги користеле активно од јануари.
„Вкупно 14 налози се компромитирани на таков начин што некои е-пошти се препратени на адреси надвор од партијата“,
пишува во соопштението на Зелените.
Партиското соопштение за хакерскиот напад ги потврди пишувањата на весникот „Шпигел“, кој пишуваше и дека има индиции оти нападот дошол од Русија. Меѓутоа, такво нешто од партијата на Зелените ниту потврдија ниту демантираа.