Претходно, на 2 јуни, Сојузот на синдикати на вработените при УКИМ организира мирен протест пред Ректоратот на Универзитетот, барајќи потпишување нов колективен договор и достоинствени плати бидејќи покачувањето кое им е ветено од септември велат дека е минимално и не го прифаќаат
Во најавата за протестот пред Владата, кој ќе се одржи на 30 јуни од 19 часот, Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и граѓаните да им дадат поддршка за, како што велат, обезбедување подобри услови и квалитет во високото образование и враќање на угледот на УКИМ
Со мирен протест пред Владата, Сојузот на синдикати при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ најави оти на 30 јуни ќе го изрази своето незадоволство од, како што се вели во соопштението, драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот.
„Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес“,
соопшти Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ.
Претходно, на 2 јуни, Сојузот на синдикати на вработените при УКИМ организира мирен протест пред Ректоратот на Универзитетот, барајќи потпишување нов колективен договор и достоинствени плати бидејќи покачувањето кое им е ветено од септември велат дека е минимално и не го прифаќаат.
На протестот пред две недели, претставниците на Синдикатот реагираа оти моменталните примања на вработените во Универзитетот се под достоинството. Кажаа дека платата на редовен професор е 39 000 денари, а примањата на ненаставниот кадар се движат од 18 000 до 25 000 денари.
Претходно, министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека покачување на платите е планирано и за универзитетските професори, но од септември, по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.
Во најавата за протестот пред Владата, кој ќе се одржи на 30 јуни од 19 часот, Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и граѓаните да им дадат поддршка за, како што велат, обезбедување подобри услови и квалитет во високото образование и враќање на угледот на УКИМ.