Кинескиот министер за одбрана Веи Фенг му рекол на својот американски колега Лојд Остин дека Пекинг нема да се двоуми да започне војна, без разлика на цената, доколку Тајван прогласи независност.
„Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми да започне војна без разлика на цената“
рече Веи Фенге.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја осуди кинеската воена активност во близина на Тајван, велејќи дека САД „ќе го направат својот дел“ за да ги менаџираат тензиите со Кина и да спречат конфликт, и покрај тоа што Пекинг станува се поагресивен во азиско-пацифичкиот регион.
„Гледаме дека Пекинг зазема сè поагресивен став“
рече Остин.
И покрај воинствените зборови, Веи рече дека разговорите со Остин поминале без проблеми.
Средбата се одржа за време на безбедносниот самит „Дијалог Шангрила“ во Сингапур речиси еден час, двојно повеќе од првично определеното време.