Портпаролот на Кремљ не ја коментираше изјавата дека резултатите од воените дејства не може да се постигнат под актуелниот украински режим
„Специјалната воена операција“ на Русија во Украина ќе заврши кога ќе се постигнат нејзините цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Рускиот претседател Владимир Путин ги претстави задачите за оваа специјална воена операција. „Исполнувањето на овие задачи ќе значи крај на специјалната воена операција“,
истакна портпаролот на Кремљ, пишува ТАСС.
Вака одговори на прашањето, дали би можел да каже кога ќе заврши, како што ја нарекува Москва, „специјалната воена операција“.
Во исто време, Песков не ја коментираше изјавата дека резултатите од воените дејства не може да се постигнат под актуелниот украински режим.
Објавувајќи го почетокот на „воената специјална операција“ во Украина на 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин постави неколку цели – меѓу нив беа денацификацијата и демилитаризацијата на земјата.