Претходно, лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, најави повлекување на министрите од владата, а како причина го наведе прашањето за С Македонија, како и тоа што нема повеќе пари во државата
Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека ќе прави малцинска влада откако Слави Трифонов, лидерот на партијата Има таков народ, објави дека ја напушта владата.
Половина час откако Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков на прес-конференција соопшти дека ќе прави малцинска влада наместо, како што рече, да биде уценуван.
„Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор”,
рече Петков.
Претходно, Трифонов најави повлекување на министрите од владата поради две причини.
„Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на Продолжуваме со промената нè водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи и Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи“,
додаде тој.