Од МНР соопштија дека за време на средбата заеднички е остро осуден инцидентот во Битола
Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Ова го соопштија од македонското Министерство за надворешни работи по денешната средба на министерот Бујар Османи со неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска.
Средбата се одржала заедно со тимовите на министерствата за надворешни на двете земји како дел од дводневната работна посета во Северна Македонија.
„Разговорите ќе продолжат и во текот на наредниот ден и дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои во насока на изнаоѓање на взаемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија“,
соопштија од Министерството.
Од МНР соопштија дека за време на средбата заеднички е остро осуден инцидентот во Битола.
„Двете министерства ќе продолжат да наоѓаат взаемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји“,
стои во соопштението.