По официјалниот пречек со највисоки воени почести, министерката Петровска ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана
Министерката за одбрана Славјанка Петровска, со делегација од Министерството и од Армијата, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Бугарија.
По официјалниот пречек со највисоки воени почести, министерката Петровска ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Народно собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана, соопшти МО.
Бугарските медиуми, најавувавјќи ја посетата на Петровска, објавија дека по средбата на двајцата министри ќе има изјави за медиумите.
Посетата на министерката Петровска на Софија, според бугарските медиуми, е продолжение на контактите на високо ниво започнати на почетокот на годината во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на евроинтеграциите на Република Северна Македонија и ветото наметнато прво од Франција, а потоа и од Бугарија од 2020 година.
Министерката Петровска во Софија ќе се сретне и со двајца офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воената академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“.