За изградба на новиот Клинички центар, посочи министерот за здравство Беким Сали, предмет на дискусија се три локации, а една од опциите е поранешната касарна „Илинден“. За тоа која од локациите ќе биде определена за изградба на Клиничкиот центар, освен од политичкиот дел, посочи Сали, ќе зависи и од катастарските услови, односно дали и за колку би можела да се изгради клиниката
Во врска со Законот за новиот Клинички центар, министерот за здравство рече дека засега изгледа тој ќе биде повлечен, меѓутоа сè уште не е донесена конечна одлука
Локацијата на новиот Клинички центар во Скопје засега останува во Ѓорче Петров, но предмет на дискусија се уште две локации, најави денеска министерот за здравство Беким Сали кој истакна дека клиниката би придонела во забрзување, односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти.
Клиничкиот центар, посочи Сали, е проект за кој се зборува веќе 17 години.
„Иницирав работна група и од опозиција и од позиција. Во политичкиот дел имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да кажам дека начелно е надмината таа пречка. Меѓутоа, се уште не сме дојдени во фаза на локација, на износ, на содржина на таа клиника, на величина колку ќе биде, значи димензиите не ги знаеме се уште, а и локациите не ги знаеме сто отсто“,
посочи министерот Сали.
За изградба на новиот Клинички центар, посочи Сали, предмет на дискусија се три локации, а една од опциите е поранешната касарна „Илинден“. За тоа која од локациите ќе биде определена за изградба на Клиничкиот центар, освен од политичкиот дел, посочи Сали, ќе зависи и од катастарските услови, односно дали и за колку би можела да се изгради клиниката.
Размислуваме како работна група, појасни министерот, дека Клиничкиот центар треба да се изгради на локација која овозможува веќе постоечка логистика, да не се гради каде имаме потреба од дополнителни средства да трошиме за оддалеченост што во минатото можеби било и предмет на дискусија, а тоа главно било и причина за блокирање на таков еден предлог.
„Во техничкиот дел се уште немаме ништо одредено, освен првиот момент кој јас го сметам како најважен да има политичко усогласување за терање на тој проект. Се уште не сме дошле до фаза на ограничување временско до кога мора да се усогласиме. Тоа се сепак претставници од политички партии и внатрепартиски дискусии, можеби треба да се донесе една таква одлука“,
рече Сали.
Во врска со Законот за новиот Клинички центар, министерот за здравство рече дека засега изгледа тој ќе биде повлечен, меѓутоа сè уште не е донесена конечна одлука.