Западните санкции им нанесуваат штета на економиите и на самите земји кои ги воведуваат и предизвикуваат глобална криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе агенцијата ТАСС.
„Овие санкции во голема мерка предизвикуваат глобална криза. Нивните автори, водени со кратковидни надувани политички амбиции и русофобија, во голема мерка ги нарушуваат сопствените национални интереси, сопствената економија и доброто за своите граѓани“,
истакна Путин за време на состанокот за економски прашања.
Исто така, како што оцени рускиот лидер, со продолжувањето на политиката на „опсесија со санкции кон Русија, сето тоа може да доведе до најкомплицирани и речиси неповратни последици по граѓаните на ЕУ и најсиромашните земји во светот“.
„Очигледно поради објективни економски закони, продолжувањето со санкциите, неминовно ќе донесе до тешки, речиси неповратни последици за ЕУ и за нивните граѓани“,
истакна Путин.