Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарале за можностите околу понатамошната помош на Берлин во сузбивањето на руската инвазија во Украина, информираа украинските власти.
Тие размениле мислења за „доста конкретни и практични начини за тоа како Германија да помогне и се договориле да останат во близок контакт“, соопшти портпаролот на германската Влада, а пренесоа тамошните медиуми.
Зеленски го информирал Шолц за статусот на преговорите меѓу Украина и Русија, а Шолц истакнал дека останува Русија веднаш да ги прекине воените напади во Украина, да ги повлече своите војници и да го обнови украинскиот територијален интегритет и суверенитет.
„Одржав редовни разговори со канцеларот Шолц. Разговаравме за одбранбена помош, соработка во енергетскиот сектор, како и за зголемување на санкциите кон рускиот агресор. Го цениме високото ниво на дијалог со Германија и поддршката во нашата борба“,
напиша Зеленски на Твитер.
Шолц и Зеленски веќе остварија неколку телефонски разговори од почетокот на војната во феверуари.