На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и тој треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование
Рокот за доставување ракописи во рамки на конкурсот за издавање учебници за предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, за кои се изработени нови наставни програми, е продолжен до 20 мај, додека сите преостанати конкурсни услови остануваат непроменети, соопшти Министерството за образование и наука.
Од МОН денеска повторуваат дека право на учество на конкурсот имаат сите автори што ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

Исто така, се потенцира дека на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и тој треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.
