Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР
Врмето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура до 8 и максимална до 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време, со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови.
Понестабилно време се очекува во сабота.
