Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (9 мај 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Државата сака да ѝ земе дел од имотот на ТВ Алсат поради заблуда во која телевизијата била доведена токму од државата – за каква правна сигурност зборуваме, реагираат од Алсат;
-Како се одвива чистењето на помалата од двете депонии со отровниот линдан во кругот на „Охис“, ќе се најдат ли пари и за поголемата и кога ќе се провери што е закопано кај Пеленица над Драчево;
-Не може да зборуваме за политика на отворена врата на ЕУ, а таа да не функционира – кратко интервју со шефот на литванската дипломатија, Габриелиус Ландсбергис;
-Маврово и Ростуша и Центар Жупа не можат да изберат градоначалници поради цензусот за излезност од најмалку една третина во првиот круг – како ќе се решава проблемот бидејќи уште седум општини се во ризична зона;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.