Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални, изјави лидерот на ДУИ
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Одговарајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети денеска изјави дека тој не е од таборот на скептичните и оти се надева дека ова прашање ќе добие позитивен епилог.
„Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен“,
изјави Ахмети на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во Општина Чаир.